Андре Риу се подготвува за концертот во Скопје со „Македонско девојче“

Андре Риу и неговиот Јохан Штраус Оркестар годинава доаѓаат во Скопје. Концертот е закажан за 6.јуни во ВИП Арената „Борис Трајковски“, а подготовките се во тек.

За тоа сведочи и видеото, во кое познатиот музичар ја поздравува македонската публика на нашиот јазик со „Здраво пријатели“ и вели дека се радува на нашата прва средба.

Со оркестарот ја вежбаат „Македонско девојче“, која и како вели, ќе ја изведат на концертот.

Погледнете и уживајте!

За потсетување, концертот е во организација на „Пасворд продукција“, а картите за истиот се 3.050 денари.

Објавено:
23 февруари 2019
Прегледно:
478 пати