Ангелите на Викторија направија спот за новиот хит на Џастин

Новата песна на Џастин Тимберлејк, „Can't Stop The Feeling“ уште по првите прогнози ќе биде еден од најголемите летни хитови.

И покрај тоа што пејачот пред десетина дена заедно со песната го претстави и видео-записот, Ангелите на Викторија одлучија да направат своја видео-верзија.

Бидејќи оваа песна е нивниот број еден хит за ова лето, тие се потрудија да направат видео што уште повеќе ќе ја зголеми популарноста.

Во тантелни градници, куси панталончиња, костими за капење, на плажа, Џозефин Скривер, Стела Максвел, Јасмине Тук, Елса Хоск и Вита Сидоркина танцуваат во ритмот на музиката и пеат.

Џастин ова видео го сподели и на својот Инстаграм профил. 

Погледнете и мотивирајте се!

Објавено:
30 мај 2016
Прегледно:
879 пати