Безвременската Софија Лорен во новата кампања на Долче и Габана

Легендарното модно дуо Долче и Габана, ја продолжи соработката со исто толку легендарната и безвременска актерка Софија Лорен, која е заштитно лице на нивниот нов парфем Dolce Rosa Excelsa.

Кампањата под режисерската палка на Џузепе Торнаторе се состои од три видеа, од кои првиот дел насловен „Rinascita" (Препород) од неодамна е објавен на Интернет.

Главната улога секако и припаѓа на Лорен која во оваа приказна заедно со нејзините синови одлучува да го врати стариот сјај на нивниот семеен имот.
Како ќе се развива темата останува да видиме во следните две видеа.

 

Објавено:
25 јануари 2016
Прегледно:
2.569 пати