Би се бакнале ли со тотален странец?

Креативната режисерка Татја Пилева се чини разнежни милиони луѓе ширум светот. Таа направи вистински шармантно кусо видео во кое 20 тотални странци се бакнуваат, но и се гледаат за прв пат.

Таа со својата камера го овековечи нивното однесување и волшебните моменти што се случуваат при тој чин, а добиениот резултат стана вистински хит на социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете го видеото и почувствувајте ја неверојатната хемија и љубов што може да се случи помеѓу двајца тотални странци и не заборавајте да се сакате меѓусебно!

Псст! Наш фаворит е девојката со плетенките и нејзиното „момче“!

Објавено:
11 март 2014