Бијонсе: Кога си славен припаѓаш на јавноста
Поп дивата Бијонсе во 11 минутен филм наративно со публиката ја споделува својата интимна исповед од животот создаден по цена на славата. Колку таа чини во светот на музичката икона, објаснува на доста едноставен начин, но со голема суштина во истиот.
Филмот е насловен „Your and Mine“ и всушност го претставува одбележувањето на годишнината од издавањето на албумот „Beyonce“. Краткиот филм содржи сцени од нејзините спотови, а не се изоставени ниту таквите од приватниот живот. Бијонсе има многу пораки што сака да и ги пренесе на јавноста, а се базираат на вредностите поврзани со семејството, феминизмот, хуманоста, бракот.
Многу од поентите на кои таа го става акцентот ќе го задржат вашето внимание да го погледнете видеото во целост, пред се поради тоа што Бијонсе на некој начин психолошки се соголува, откривајќи многу свои ставови создадени од сопственото искуство во светот на слава и богатство.