Бјанка Балти е неодолива во зимската кампања на OVS

Италијанскиот моден бренд OVS, за најновата рекламна кампања за претстојната сезона есен-зима 2014 за свое заштитно лице ја одбра прекрасната манекенка и муза на двоецот Долче и Габана, неодоливата Бјанка Балти.

Фотографиите ги изработи Тони Торимберт, а моделот позира облечена во кошула со точки и тексас кратки панталони, маичка во комбинација со молив здолниште и колоритно фармерки со маичка на прерамки.

„Искуството на сет беше фантастично, бидејќи главно станува збор за луѓе со кои ми е исклучително пријатно да работам. Немаше никакви проблеми и снимањето помина со голема леснотија. Тони е прекрасен и направи навистина одлични фотографии. OVS е бренд кој нуди стилски младешки и свежи креации, голема разновидност во смисла на изгледи и достапност во поглед на создавање инвентивни, урбани и модерни модели“, вели Балти за медиумите.

Објавено:
23 август 2014