Чарлевите ангели за H&M

Топ моделите Адријана Лима, Наташа Поли, Џоан Смолс и Дауцен Круз се во нова мисија. Овој пат во улога на Чарлевите ангели, ја снимаа новата рекламна кампања за летната колекција на шведскиот бренд H&M.

„Мисијата“ се случува на плажа, покрај море, а ангелите се облечени во транспарентни бохо фустани облагородени со масивен силвер накит. Веќе во втората сцена ги гледаме во костими за капење кај кои највпечатливи се горните делови со прерамка на едно рамо и карнери.

Кампањата е надолопнета и со видео во кое четирите девојки успешно ја остваруваат својата стилска задача.

 

Објавено:
30 април 2015