Дали е ова најоригиналната реклама за убавина досега?

Последните неколку месеци, а може да се каже и години, сведоци сме на голем број модни кампањи кои е лесно да ги споредиме со нешто што веќе сме го виделе. Затоа, особено ни е драго кога некој ќе не изненади со навистина оригинална идеја.

Токму таков беше случајот со оригиналната реклама за линијата на производи за коса Aposolophy на компанијата Apotek Hjartat’s што беше инсталирана во подземната железница во Шведска.

На дигиталниот билборд може да видите една жена со сосема права коса. Ултрасоничниот сензор што беше поставен внатре во билбордот се активира со доаѓањето на возот на железничката и во тој момент косата на девојката изгледа како да ја дува ветер.

Оваа навистина оригинална и уникатна реклама, пред сѐ, досега невидена, внесе многу свежина и восхитувачки моменти кај патниците, кои беа апсолутно воодушевени од оваа одлична идеја.

Погледнете ја рекламата и сами уверете се во нејзината оригиналност.

Објавено:
3 март 2014