Дали е ова највпечатливото заштитно лице на Армани?

Десетгодишната актерка Кувенжане Волис е новото лице на Армани Јуниор. Таа е најмладата актерка која доби Оскар за улогата во филмот „Beasts of the Southern Wild“. Но, исто така се издвојува по тоа што е најмладото лице на некој ексклузивен бренд.

Quvenzhane_-Wallis

И на доделувањето на Оскарите, малата Кувенжане се појави во креација на дизајнерот, па не крие дека е возбудена што и се укажала можност да сними и кампања: „Ја почувствував истата возбуда како кога ја добив улогата за филмот. Си помислив - Јас?! WOW!. Почестена сум што носев негова креација на Оскарите, се чувствував како принцеза. Кога го запознав господин Армани, сфатив дека е многу фин човек“.

wallis_2

А како се снаоѓа интересната Волис за време на снимањето на зимската кампања за Armani Junior, погледнете во продолжение, а наскоро го очекуваме и официјалното видео за кампањата.

Објавено:
27 јуни 2014