Дамјан Пејчиноски со емотивна инструментална изведба на „Ти не дојде“

Веројатно и не постои човек кој не го преслушал новиот албум на Каролина Гочева на кој се најдоа навистина одлични песни со фантастична музика.

Единаесетата по ред на албумот е „Ти не дојде“, неверојатно емотивна песна со гитара отсвирена од познатиот Дамјан Пејчиноски кој деновиве нè почести со инструментална изведба на истата.

Музиката и аранжманот за оваа песна се на Никола Мицевски, додека текстот го потпишува одличната Весна Малинова Бабамова.

Уживајте во изведбата!

Објавено:
26 април 2018
Прегледно:
798 пати