Дејвид Бекам и Кевин Харт во нова заедничка авантура за H&M

Две познати икони и светски ѕвезди, Дејвид Бекам и Кевин Харт, повторно заедно се појавуваат во второто видео продолжение на рекламната кампања на H&M „Modern essentials selected by David Beckham".

Нивната нова авантура се одвива на патување кое е продолжение на нивната претходна приказна во првата заедничка рекламна кампања во која Кевин се подготвува да ја игра улогата на Дејвид во биографски филм.

Новата реклама во која Дејвид и Кевин носат идентични комбинации од колекцијата есен-зима 2016/17, ја следи подготовката на комичарот кој треба да настапи како ѕвезда во мјузиклот „I, Beckham: The musical".

Објавено:
15 септември 2016
Прегледно:
479 пати