Диор: Никогаш не е доцна за Дедо Мраз

И модната куќа „Диор“ се приклучи кон празничната кампања, објавувајќи видео кое ја крие пораката дека никогаш не е доцна за Дедо Мраз.

Во ова празнично видео брендот ја промовира и новата колекција накит. Конкретно се работи за алки и ѓердани кои имаат медалјон со роза и ѕвезда, во чест на омиленото цвеќе на дизајнерот Кристијан Диор.

-Тој ја најде среќната ѕвезда во улицата, потоа ја изгради модната куќа. Не сум суеверна, но разбирам зошто. Мислам дека е убаво да се види личноста на Кристијан Диор во ова. Тој изгледа како “класичен“ човек, но неговата идеја е по малку кршлива и нежна – вели дизајнерката на накитот, Виктори де Кастелане.

Таа додава дека изборот на силни бои е највпечатливата точка во колекцијата, објаснувајќи дека со тоа сакала да потенцира дека накитот е за жени што сакаат да имаат нешто навистина свежо, нежно, што ќе се „стопи“ на вашата кожа.

Инаку, Диор има уште едно празнично видео, каде се осврнува на производите за убавина и магијата на светилките.

Погледнете:

Објавено:
10 декември 2015
Прегледно:
705 пати