Џеј Ло има нов спот и е ултра секси!

Популарната Џенифер Лопез ги израдува обожавателите со нов спот. Се работи за видео-запис за ремикс на нејзината песна „Medicine“.

Во спотот пејачката ја покажува својата фантастична фигура, а истиот е во склад со тематиката на нејзиниот нов филм „Hustlers“, чија премиера се очекува на 13. септември.

За потсетување, Џенифер таму глуми стриптизета, а според и последниот запис, може да се насети дека одлично се подготвила за улогата.

Погледете го видеото.

 

Објавено:
18 мај 2019
Прегледно:
464 пати