„Џон Луис“ и Елтон Џон ја имаат најемотивната празнична реклама

Секоја година пред Божиќ, компаниите и брендовите ги презентираат празничните кампањи и реклами. Воедно, постои и натпревар кој ќе ја има најдобрата рекмала.

Синџирот стоковни куќи „Џон Луис“ многу често е меѓу првите три, но лани потфрли. Обвинувањата за плагијат веројатно придонесоа да не се најде ни блиску до победата.

Но, оваа година сигурно се враќа во игра. Елтон Џон е ѕвездата што се појавува во рекламата, а пораката што ја пренесуваат ќе ви разбуди најубави емоции.

Гледајќи ја рекламата ќе сфатите дека подароците некогаш е многу повеќе од само подароци.

Низ видеото се гледа како се развивала кариерата на Елтон Џон, но со поглед наназад, а видеото е пропратено со еден од хитовите на музичарот, „Your Song“.

Зошто е тоа така, нема да ви откриеме, едноставно ќе ве оставиме да ја погледнете рекламата и да уживате.

Објавено:
16 ноември 2018
Прегледно:
926 пати