ELENA LUKA WORLDWIDE: Актерката Јелена Гавриловиќ за убавината, модата и Македонците

Домашниот моден бренд Елена Лука стартува со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор од овие граници, започна серијал со видео разговори со познати личности од регионот.

После првата епизода во која гостуваше српската модна новинарка и водителка, Снежана Дакиќ, разговорот продолжува со познатата актерка Јелена Гавриловиќ.

Македонската публика имаше можност да ја запознае преку емисијата „Твоето лице звучи познато“, како и преку бројните улоги во српските серии.

За Elena Luka Worldwide зборува за тоа како убавината ја ограничила во улогите, но не дозволила да ја ограничи во исполнувањето на своите соништа. 

Исто така, зборува и за тоа како сака да се дотерува, дека голем поддржувач на домашните дизајнери, а во разговорот се осврнува и на тоа како Србите реагираат на македонските актери и која ѝ е првата асоцијација за Македонија.

Погледнете го разговорот и уживајте. 

Објавено:
11 март 2021
Прегледно:
128 пати