ELENA LUKA WORLDWIDE со „Фрајле“: Нашата различност ја претворивме во наша предност

Домашниот моден бренд Елена Лука стартуваше со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE, а во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, кои се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор од Македонија.

Во новата, деветта епизода од овој серијал, гостинки се членките на групата „Фрајле“. Поточно, ја имавме можноста да разговараме со Јелена и Наташа, едната половина од групата, која ја сочинуваат и Невена и Марија.

Насмеани, опуштени и расположени, двете „Фрајле“ зборуваа за тоа како пандемијата предизвикала да се посветат на креативна работа, но малку поинаква - наскоро ќе излезе нивната автобиографска книга.

Јелена: Кога започна пандемијата, се наметна и нашата прва голема пауза. Во мај ќе одбележиме 12 години постоње, и досега не сме имале ваква пауза, работевме во континуитет. И ова не' шокираше. Мислевме дека кратко ќе трае, па во прво време одмаравме и чекавме да помине. Обично сме нон-стоп на пат и по концерти, така што сега кога бевме дома, јас не знаев како да се однесувам. Имам клавир на кој не сум свирела многу одамна, е сега успеав и тоа да го направам. Се посветивме на хобија за кои претходно немавме време. Јас и пред пандемијата почнав да ја пишувам нашата автобиографија, но сега конечно ја завршив и наскоро треба да излезе. 

Наташа: Тоа е првиот дел од книгата, врзан за првите четири години од нашето постоњење. Кога Јелена ја напиша, ние читавме и сугериравме. Тие први години беа најинтензивни и најмногу ги паметиме. Кога читав не ми се веруваше што се' сме правеле - сме имале по три настапи дневно, па костими, дотерување... 

Каква беше реакцијата на Влатко Стефановски кога ја слушна вашата верзија на „Чукни во дрво“?

Наташа: Тој рече: „Девојки, секоја чест!“. Исто така, не' покани на неговиот концерт во „Сава Центар“, да му бидеме гостинки, така што навистина е важно да ја имате поддршката на луѓето што веќе направиле нешто големо. И кои се голем авторитет. Нас тоа многу ни значи! 

Јелена: „Златна бубамара“ беше во прашање. За да ѝ се претставиме на публиката, само за таа вечер, ние ја подготвивмме „Чукни во дрво“ заедно со други песни. Влатко беше во публика. Тоа е меч со две острици - да испеете нешто толку познато во еден аранжман и да го смените. А не знаете дали ќе ѝ се допадне на публиката додека не го испеете. И кога го видовме, си рековме: „Сега што ќе правиме“ :). Но, си рековме, одиме на карта нам да ни се допадне, па со Господ напред и Влатко во публика :). Но, кога ќе го слушнете аплаузот, тогаш знаете дека е тоа - тоа. 

Имате неколку преработки на македонски јазик, тешко ли ви беше да ги научите зборовите?

Јелена: Морам да признаам дека за помош ја баравме Тијана и ја прашувавме дали добро сме ги изговориле, бидејќи кога се работи за студиска снимка, тоа мора да биде перфектно и верно на оригиналот при изговорот. 

Наташа: Има една анегдота поврзана токму со „Чукни во дрво“, ние итно моравме да ја дадеме снимката, јас бидејќи лесно ги учам текстовите, бидејќи ми „одат“ јазици, го научив прва, па после сите. Македонскиот е многу помек јазик, за разлика од српскиот и многу помилозвучен, поубав за пеење.

Јелена: Добро, ти беше и заљубена во Македонец, па сега...

Наташа: Па сум сега малку пристрасна :)

Среќно или несреќно вљубена?

Наташа: Среќно, среќно...

Целото интервју слушнете го во видеото погоре:

Објавено:
29 април 2021
Прегледно:
154 пати