ELENA LUKA WORLDWIDE со Лена Ковачевиќ: Дарко Димитров е најдобриот музичар што сум го сретнала
Домашниот моден бренд Елена Лука стартува со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор.
Во третата епизода, гостинка е џез музичарката Лена Ковачевиќ.
Низ разговорот открива зошто Дарко Димитров е најдобриот музичар кој некогаш го сретнала, за нејзиниот однос кон модата, при што не крие дека е роб на јакни и капути.
Воедно, открива и кои се нејзините омилени модни додатоци и без што не излегува од дома.
Во емисијата ќе слушнете и за новата соработка со пејачката Емина Јаховиќ, како и за новиот филм на нејзиниот татко, режисерот Душан Ковачевиќ.
Интересен и динамичен разговор, ќе го изгледате во еден здив.
Објавено:
18 март 2021Прегледно:
179 пати