ELENA LUKA WORLDWIDE со „Неверне бебе“: Музиката не смее да биде борба, само слобода

Домашниот моден бренд Елена Лука стартуваше со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор.

Во осмата епизода разговараме со членовите на рок групата „Неверне бебе“, поточно со вокалистките на групата Јелена и Тијана. 

„Неверне бебе“ се една од групите кои прават препознатлива музика и во својата повеќедецениска работа можат да се пофалат со мноштво хитови од „Двоје“, преку „Тужна песма“, „Само за твоје очи“, „Куќа за спас“...

Македонската публика досега имала можност да ги слуша во Скопје и Охрид, а сега ексклузивно благодарение на форматот Elena Luka Worldwide да ги запознае и одблиску.

Дел од разговорот во продолжение:

Многу често изведувачите ја имаат онаа фраза кога настапуваат, „Вие сте најдобра публика!“. Која е за вас најдобрата публика?

Јелена: Секаде има добра публика, а ако зборуваме за Македонија, мене прва асоцијација ми се луѓе кои се неверојатно музикални. Имам впечаток дека сите од Македонија добро пеат, од роднини што ги имаме, пријатели... Ние имавме дует со Влатко Стефановски, а кога и да дојдеме во Македонија, секогаш се дружиме со Калиопи која прекрасно не' пречекува и се враќаме два килограми повеќе. Потоа, имаме и дует со Даниел Кајмаковски, феноменален вокал... Тијана, Тамара... не знам со што се храните и каква вода пиете, но феноменални сте! 

Тијана: За мене прва асоцијација е Тоше Проески. Мислам дека имавме и еден заеднички концерт. Во моментот кога ни рекоа дека починал, бев во шок. Тој беше толку млад и толку уште можеше да даде... Имаме прекрасни сеќавања од концертите во Скопје и Охрид и Македонија е навистина прекрасна земја.

 

Дали песната „Куќа за спас“ ја сметате за ваша лична карта?

Јелена: Па може да се рече. Милан ме повика да ја слушнам демо снимката, бидејќи тоа често го правиме - тој ќе искомпонира нешто и ќе викне да му кажам мислење. Кога ги слушнав првите звуци и таа хармоника, јас се вoодушевив, како да се „Неверне бебе“, а не се. Нешто сосема ново. Веднаш му реков дека јас ова морам да го пеам.  Тој ми рече: „Јелена, добро е, ама не е до толку“ - До толку е, дај да снимиме веднаш!

Тијана: Милан е од оние луѓе што мислат дека не создаваат хитови. Така и за оваа песна. „Јас создавам нешто што ми излегува длабоко од душата, како може да е хит, не е комерцијално“. Но, ние го убедивме дека е и дека е одлично.

Јелена: Песната навистина стана хит и препознатлива. Ма да, за лична карта можеме да ја сметаме „Двоје“, потоа дојдоа и „Тужна песна“ и други..

 

А што мислат за инстант-музиката и зошто музиката треба да биде само слобода, а никогаш и борба, како и за тоа како го доживуваат шопингот и зошто Јелена ги обожува продавниците, а Тијана онлајн купувањето, погледнете во видеото на почетокот.

 

 

Објавено:
22 април 2021
Прегледно:
71 пати