ELENA LUKA WORLDWIDE со Оливера Ковачевиќ: Не ми се допаѓа императивот на младоста што се наметнува

Домашниот моден бренд Елена Лука стартуваше со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор.

Во седмата епизода, гостинка е една од најпознатите жени на јавната сцена во Србија - Оливера Ковачевиќ. Станува препознатлива по своите политички емисии и за кратко време успева да биде една од најетаблираните политички новинарки во Србија. Веќе неколку години наназад пак, се наоѓа на местото на уредник на Забавната програма на јавниот сервис во Србија - РТС. 

За нашата емисија зборуваше за нејзиното искуство со македонските политичари, модата, што значи да се биде успешна и моќна жена, но и за храброста да биде на првата насловна страна на српскиот „Плејбој“, како и за емоциите што ја врзуваат со Македонија.

Дел од разговорот е во продолжение, а целиот во видеото погоре:

Какво е вашето искуство со македонските политичари, сте имале ли некој од нив во вашите емисии?

-Со политичко новинарство од 1993 година, кога работев на телевизија „Политика“, а две години подоцна ја започнав и со свои авторски емисии. За жал, со Македонците се среќававме само за теми поврзани со распадот на Југославија. Тоа беа теми кои не' окупираа... Како продолживме да живееме одвоено, едни покрај други. Така што, во емисиите беа политичари од старата гарда, Тупурковски и други.. Кога станавме одвоени држави, некако се намалуваше интересот за тоа што се случува во Словенија или Македонијиа. Македонија ја сакаме затоа што одиме таму, одиме во Охрид, Скопје или едноставно поминуваме низ Македонија. Исто така, имам пријатели таму. Мојата најдобра пријателка е Македонка, која намерно постојано зборува на македонски и која веројатно е најдобрата готвачка меѓу моите пријатели и секогаш има некои македонски специјалитети. Така што, Македонија мене ми е блиска, не само во политичка смисла, следам јас што се случува и кај вас, а сега сум во прилика да пратам и што се случува во таа забавна смисла. 

Сакам да ги поздравам сите гледачи во Македонија. Лично сум врзана за Македонија, затоа што во мојата куќа со години се зборуваа приказни поврзани со Македонија. Татко ми служеше војска во Скопје во 1963 година, кога беше и земјотресот и постојано се зборуваше за неговите пријатели -  Стојанче од Стоковна куќа и Буба. И отсекогаш беше тажен што не може да ги најде пријателите од Скопје со кои таа 1963 година бил близок. А баш би сакала да ги најде.

Кој е рецептот да се биде модерна, успешна и моќна жена, каква што сте и самата?

-Сфатив дека само тоа што го вложувате во себе, го поправате кај себе, не мислам во естетска смисла. Кога ќе ми текне како размислував пред 20 години, тоа сега ми е неприфатливо. Но, да напредувате, да се усовршувате, да внимавате како се однесувате, како се однесувате кон други луѓе, а потоа и визуелниот идентитет да го усовршите. Модни трендови се менуваат. Некогаш модата е убава, некогаш грда, но јас научив да не ја следам по секоја цена, туку да го одберам она што мене најдобро ме прикажува. И да биде прилагодено на ситуацијата од која сум дел. Тука е прашање на време и односот кон другиот човек и трудот. Нешто што е ред и што е пристојно - тие односи се пореметени во нашето општество. Веројатно делумно и поради телевизијата, тие реални програми, се' е нешто дозволено, се' може... Има некој императив на младоста, кој не ми се допаѓа, нешто што ти наметнува дека ти во фармерки мора да изгледаш младо. Начинот на кој што го почитувате другиот човек се гледа и по начинот на кој што дошле во неговата куќа, или свеченост, шоу, емисија.

Помина повеќе од една деценија како се најдовте на насловната страна на првото издание на „Плејбој“. Од оваа дистанца, што ви донесе, а што ви одзема таа насловна страна?

-Ништо не изгубив. Јас бев изненадена од нивниот повик, дека некој кој е дел од политичкото новинарство, сакаат да биде на насловна страна. Јас не бев никаква убавица, манекенка... Но, уредниците на списанието одлучија така. Во тоа време во Србија беше изборна кампања, па го врзаа мојот лик и таа околност. Јас се одлучив да прифатам бидејќи тоа беше прва насловна страна, таа стои и во Лос Анџелес меѓу сите 18 или 19 светски изданија на „Плејбој“. Имав страв, трема и услови. Страшно ги условував, да нема голотија, да нема вулгарност и многу други работи и не знам како прифатија да работат под тие услови. Но, сепак процениле дека дури и под тие услови им се исплати јас да бидам на насловна страна. Тој број е продаден во 75.000 примероци. Никогаш повеќе во историјата на ова списание кај нас, ниту еден број не бил продаден во толку примероци. Тоа беше рекорден број - дали поради тоа што беше прво издание, или поради тоа што бев јас - тоа сега не знаеме, но ќе остане како факт. Јас се подготвив, знаев дека тоа ќе биде големо изненадување. Во новинарските кругови имаше молк, никој ништо не коментираше, некои други коментираа - позитивно и негативно, што е нормално, а имаше и муабети: „И мене ме бараа, но јас одбив“, што апсолутно не беше точно. Јас потоа и пишував за „Плејбој“. Тоа искуство го паметам како интересно и стресно. Се сеќавам дека кога ми ги пратија фотографиите, бев многу незадоволна, тоа беа некои други фотографии кои ми ги покажаа. Се сеќавам и дека се возев со пријателка низ Белград и ги гледав сите билборди со политичари и коментирав дека сите изгледаат поубаво од мене. Тоа беше траума, како ќе излезе на крај. Но, беше добро, иако за првпат снимив емисија однапред поради таа насловна - за да нема незгодни ситуации, да не се доведам во ситуација да треба на соговорникот да му одговорам, во што не би се стегала, но сепак да не биде непријатно. Имаше различни аспекти тој ангажман, но ништо не ми одзема. Ми остана бундата што ја купив со хонорарот кој ми го платија за таа насловна. 

Имате повеќе чевли или чанти?

-Имам многу чевли, но стојат во кутии. Тоа се најчесто модели со високи потпетици, кои на улица не можете да ги носите, туку служат за да ги облечете пред да влезете во студио. Такви имам повеќе од што ми е потребно, а оние што ги носам секој ден - секогаш недоволно. 

Објавено:
16 април 2021
Прегледно:
201 пати