Elena Luka Worldwide со Петар Стругар: Струмички карневал ми е прва асоцијација за Македонија

Домашниот моден бренд Елена Лука изминатиов период ја почести публиката со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE, а во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, кои се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор од Македонија.

Во новата епизода од серијалот, гостин е актерот Петар Стругар. Роден е во Црна Гора. Популарноста ја стекна благодарение на улогата на фудбалерот Моша во филмот „Монтевидео, Бог те видео", а во интервјуто за нас откри кои се негови страсти освен актерството, неговите релации со Македонија, како и интересни моменти од животот и неколку интересни вицови за Црногорците.

Улогата на Моша во „Монтевидео, Бог те видео“, ја сметаш за среќа или заслужен труд?

-Па беше среќа во тој период од животот да се појави таков проект, тоа дефинитивно е среќа. Се' друго е добро заработено. Поминав осум кругови на кастинг, за воопшто да ја добијам улогата. Така што, талентот секако влијаеше. Тоа ми е прва улога во животот и среќа беше што бев во таква екипа.  Филмот се снимаше пет години, така што беше прилично големо искуство, а бев рамо до рамо со големи имиња. Се' што работите во животот, треба да го работите така што потоа ќе можете да застанете зад него. И во овој случај одговорноста беше голема, бидејќи многу пари се вложени, се' е наместено и милион луѓе работат за вас да ве снимаат, а уште кога имате главна улога како што имав јас, тогаш е уште поголема.

Што ти е прва асоцијација за Македонија?

-Карневалот во Струмица. Бев таму како средношколец, секако маскиран. 

Те очекуваме во Македонија, можеби ќе добиеш и некоја улога за која ќе треба да го научиш и македонскиот, бидејќи јазиците добро ти одат. А и имаш и роднини во Македонија...

-Не знам дали ќе можам да зборувам :) Да имам роднини и тие би биле пресреќни и би сакале ептен да дојдам и секако би ми помогнале да го совладам јазикот.

Што е она што прво го забележуваш кај другите?

-Очите. Тие се огледало. Очите не можат да лажат. Во очите се гледа се' и многу работи ти се јасни уште на прва.

 Целото интервју погледнете го на почетокот од текстот.

Објавено:
13 мај 2021
Прегледно:
252 пати