ELENA LUKA WORLDWIDE со Саша Ковачевиќ: Оливер Драгојевиќ го одбележа моето детство

Домашниот моден бренд Елена Лука стартува со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор.

Во четвртата епизода гостин е музичарот и пејач, Саша Ковачевиќ.

Низ разговорот миленикот на голем дел од македонската публика ги открива своите дневни рутини, особено во текот на пандемијата, па во тој контекст изјави дека е речиси 24 часа е во тренерки.

На прашањето, дали е вистина дека музичкиот сензибилитет на Оливер Драгојевиќ му одговара најмногу ќе рече:

„Да, тоа е тоа. Оливер Драгојевиќ обележа голем дел од моето детство и благодарен сум му на тоа. Жал ми е што веќе не е со нас, но зад себе остави песни кои ќе се пеат и понатаму“, вели Ковачевиќ, додавајќи дека штом седне зад пијано, неговата прва мисла е некоја песна од споменатиот пејач.

Во разговорот зборува и за „листата на желби“, а во тој контекст ќе рече:

„Во професионална смисла, остварив многу, исполнет сум, а истото можам да го кажам и емотивно. Патував на многу дестинации, видов прекрасни места, не дека нема уште каде да се оди, но и во таа смисла сум исполнет. Така што, да речеме можеби неисполнета ми останува улогата на татко“, искрен е пејачот.

Како чест гостин во Македонија, вели дека тука веќе се чувствува како дома:

„Често коментирам и со моите колеги тука, дека кога ќе дојдам во Македонија тоа е некоја посебна енергија. Навистина се чувствувам како дома и едвај чекам повторно да дојдам и сакам да упатам голем поздрав до моите Македонци“, посочува Ковачевиќ.

Комплетниот разговор можете да го слушнете и видите во видеото погоре.

Објавено:
25 март 2021
Прегледно:
1.024 пати