ELENA LUKA WORLDWIDE со Весна Дедиќ: Секогаш изгледајте малку подобро од тоа како се чувствувате

Домашниот моден бренд Елена Лука изминатиов период ја почести публиката со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE, а во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, кои се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор од Македонија.

Во новата епизода гостинка е писателката и водителка Весна Дедиќ. Публиката ја познава пред сè по емисијата „Балканском улицом“, а веќе години наназад и преку нејзините романи. 

Ќе гледате едно топло и искрено интервју, во кое зборува за својот живот, за емисијата што ѝ го одбележа животот, Македонија, модата, но и предизвикот да направи сценарио за Евровизија.

Дел од разговорот ќе ви пренесеме и во продолжение, а целиот гледајте го на видеото погоре, сигурни сме дека ќе предизвика времето да ви „летне“.

-Морам да признам дека оваа ситуација со короната ми ја промени навиката макар еднаш до два пати годишно да дојдам во Скопје, да поминам ноќ или две, да јадам нешто вкусно во стариот дел на градот, ќебапи нормално, да одам на шопинг, бидејќи ги обожувам македонските креатори, па потоа одам до Солун за уште малку шопинг...

Живеете урбано, сакате и ноќен живот, секогаш сте убаво дотерана... Како според Вас треба да изгледа една модерна и урбана жена?

-Треба да изгледа како што се чувствува. А бидејќи ретко која жена во секој момент се чувствува совршено, треба да си имаме императив да изгледаме макар малку подобро од тоа како се чувствуваме. Деновиве пишувам книга, корона има уште, веќе ми е смачено од тоа да седиме дома, ми недостасува кафеана, не како простор туку како дружење со луѓе, социјализација. Јас сум некој кој сака да се дружи, да се гушка, кој е срдечен и сето тоа ми недостасува. И кога требаше да дојдам тука облеков фармерки, патики и тексасна кошула, па се предомислив. Си реков, на гледачите во Македонија не им е гајле што си ти станата од пет и пишуваш и што надвор врне. Дотерај се, ќе одиш во убав ресторан, ќе запознаеш нова колешка и облеков фустан, велат дека ова е сега модерно, на едно рамо.

Кога почнав да се занимавам со новинарство, водителките и новинарките не ги третираа како денес. Беше дури и непожелно да имаат претерано шминка, вештачки трепки. Како што се менуваа медиумите и медиумскиот пазар, станавме слични на италијанските, што мене ми се допаѓа. Да се изгледа елегантно, да се интригира гледачот, јас се трудам да имам квалитетно интервју, но сепак јас сум домаќинка во мојата емисија и се трудам да изгледам убаво. 

За мојот изглед оваа сезона се грижи една дизајнерка, колешка на Елена, Сенка. Критиките се 50-50, на половината многу им се допаѓа тоа што јас го носам и како изгледам, а на другата половина на јавноста и не баш, дури знаат и силно да ме искритикуваат. Јас понекогаш знам да носам креации кои имаат голи раменици, или малку деколте, гол грб - тие сметаат дека е тоа премногу и тоа го почитувам. Па малку се закопчувам, малку имам голи раменици.

Но, она што не го почитувам се коментари дека мене на 50 и нешто години не ми прилега да носам корсет. Тој вид на дискриминација, особено ако е нешто елегантно, а не вулгарно, не ми е јасно зошто такви коментари.

Бевте сценарист на „Евросонг" во 2008 кога Белград беше домаќин. Каков предизвик беше тоа за Вас, бидејќи сигурно не е лесно да се создаде сценарио за три вечери за таков престижен фестивал...

-Не бев јас планирана да го направам сценариото. Беше четврток, јас веќе завршив со работа и излегов, кога на телефон ме побара тогашната уредничка и ми кажа: „Тијаниќ (директорот на РТС) рече да направиш сценарио за Евровизија до утре. Јас кажав дека тоа не го можам. Таа ми кажа, еве имаш фора до сабота наутро, тогаш доаѓа првиот човек на Евровизија и треба да му се покаже. Имаш два дена, доволно ти е. Јас повторно реагирав дека јас тоа не можам, но уште еднаш ми рече: „Весна, читавме стотина, се' е многу лошо“. Јована Јоксимовиќ, во тоа време Јанковиќ дала идеја да се обидам јас. Потоа прашав колку тоа ќе чини и кога ми ја кажаа цената, бев многу среќна и реков може. Влегов во станот. Тогаш немав лаптоп, имав голем компјутер, на ќерка ми која тогаш само што тргна во школо ѝ реков: „Слушај сонце, мама има многу важна работа да заврши. Не ми приоѓај два дена. Ако си гладна имаш во фрижидер. Можеш да дојдеш да ме бакнеш, да ме видиш, но не ме прашувај ништо. А јас ќе заработам доволно пари за кога ова ќе се заврши, можеш да избереш патување каде да одиме заедно“. Таа беше воодушевена. 

Сакав да напишам нешто што е лична карта на Белград, да го претставиме Балканот и Србија, да не' засакаат повеќе, а и личности кои го прават Балкан и земјата популарни. Јована ми рече: „Немам сомнеж дека ќе го направиш супер, само те молам да не бидам класична водителка која на партнерот на сцена ќе му каже: „О колку елегантно изгледаш вечерва“, а тој ќе ми врати: „Леле исто и ти“... 

Ги погледнав претходните сценарија од други држави и смислив сосема нешто друго, што гледачите и го видоа - Јована и Жељко да доаѓаат бреговите на две реки, се бакнуваат три пати и им велат на Европјаните дека тоа е наш обичај. Втората вечер имаа јаболка, кои се симбол на љубов и гостопримство на Балканот, потоа гостин беше Новак и пееше песна за Белград, па Владе Дивац и Жељко Јоксимовиќ играа кошарка... така што се потрудив да биде нешто автентично и малку поразлично.

 

Целото интервју проследете го на видеото погоре:

 

Објавено:
20 мај 2021
Прегледно:
762 пати
Тагови: 
Elena Luka Worldwide