ELENA LUKA WORLDWIDE: За модата, животот и стилот со српската водителка Снежана Дакиќ

Домашниот моден бренд Елена Лука стартува со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор од овие граници, започна серијал со видео разговори со познати личности од регионот.

Во наредниот период ќе посведочите на средби со голем број познати личности од соседството, кои ќе зборуваат на тема мода, живот, стил, емоции, лични искуства. Воедно, во секое од видеата ќе можете да бидете во тек и со новостите кои етаблираната модна куќа Елена Лука ги подготвува.

Гостинка во првата епизода на овој серијал е познатата српска водителка и новинарка Снежана Дакиќ. Во спонтан и пријатен разговор, таа открива некои нејзини модни трикови, говори за предрасудите за жените после 40-тата, за тоа како ја подготвувала нејзината емисија „Живот у тренду“ која е и нејзина лична карта и познатите модни личности со кои се сретнала, но и за Македонија, искуствата тука и секако нашата модна сцена.

Од денес, па секоја нареден четврток, не пропуштајте ниту една епизода од новиот серијал ELENA LUKA WORLDWIDE, ви ветуваме ќе уживате!

Објавено:
4 март 2021
Прегледно:
181 пати