Емоции, танц и музика – лице со Даун го понесува ритамот и изведува фантастична игра

Универзалниот јазик на музиката има неверојатна сплотувачка моќ. Тоа е говорот што сите го разбираме – емоцијата.

Видеото со кое го стартуваме денот, се 3:38 минути чиста човечка емоција.

Лице со Даунов синдром игра на музиката на саксофонот на италијанскиот музичар Даниеле Витале со диџеј микс на Shon World.

Видеото „Dance of life“ е објавено во март годинава, во време кога светот се исправи пред глобален предизвик и кога нужноста од сплотувањето преку уметноста беше и повеќе од итна. До сега, за само два месеци, има над два милиони прегледи.

Уживајте.

Објавено:
15 мај 2020
Прегледно:
155 пати