Емотивно видео: Џенифер Лопез и ќерката Ема заедно на сцена

Викендов започна долгонајавуваната турнеја „It’s my party“ на музичката дива Џенифер Лопез со која таа ќе го прослави 50 – тиот роденден следниот месец.

На првиот концерт на кој испеа некои од нејзините најголеми хитови ѝ се придружи нејзината 11 – годишна ќерка Ема која се чини ќе ги наследи нејзините родители кога е музиката во прашање.

Тие заедно ја испеаја песната „Limitless“ која Сиа ја создаде за пејачката како саундтрак за филмот „Second Act“ во кој Лопез ја толкува главната улога.

Во видеото се забележува колку пејачката е емотивна кога ќе запее заедно со нејзината ќерка со која дури носеа и слични црвени креации.

Дека Ема е исклучителен талент докажа неодамна, кога нејзината мајка објави видео на Инстаграм во кое таа изведува песна на Алиша Кис и звучи одлично.

Токму во истото Лопез ќе заклучи дека таа има прекрасен глас и ќе предложи да ѝ се придружи на сцена за да испејат некоја песна заедно, иако не мора да го стори тоа ако не сака.

Се чини дека на Ема и се допаднал предлогот, па погледнете како звучи ова прекрасно дуо заедно.

Фото: Entertaintment Tonight

Објавено:
10 јуни 2019
Прегледно:
521 пати