Емотивно видео од Италија: Соседите во маало во Неапол пеат во еден глас за човечност

Емотивно видео со моќна порака од Неапол, Италија, вирално се шири на социјалните мрежи.

Како поткрепа на човечкиот дух во овој кризен период за целата планета, аматерското видео кое го снимаше Италијанка со мобилен, ги прикажува соседите од еден кварт во Неапол, како сите излезени надвор на своите балкони во еден глас пеат и си испраќаат меѓусебна поддршка.

„Ова го може само Неапол. Силна Италија!" – стои во описот на видеото.

Во моменти на кршливост и кревкост на човештвото, меѓусебната емпатија и колективната свест се од исклучителна важност, а ова видео го потврдува тоа.

А повеќе за песната која ја пеат видете на линкот - Музиката обединува - Цела Италија пее: „Да се прегрнеме".

Објавено:
13 март 2020
Прегледно:
67.611 пати