Фантастични кадри од Дубровник

Еден од најшармантните туристички центри на Балканот е убавиот Дубровник. Магијата на овој град, далматинскиот дух и богатата архитектура по примерот на венециската, го прават Дубровник една од најпримамливите и најатрактивните туристички дестинации.

Неодамна на youtube каналот The Drone Master се појави извонредно видео снимено со дрон, кое го прикажува Дубровник од една поинаква, „птичја" перспектива.

Во овие неколку минути ќе го доживеете Дубровник во едно поинакво светло, а сигурно ќе ви биде и дополнителна причина да го доживеете и непосредно (или да му се навратите повторно).

Објавено:
26 јули 2016
Прегледно:
1.218 пати