Катерина е Македонка во Берлин која прави фантастична музика
Катерина е името на пејачката која живее и работи во Берлин, но е од Македонија. Дел од убавините на земјата од која потекнува ги презентираше во спотот за песната „Trippin“, кое воедно е и нејзино музичко деби.
Видео-записот е сниман на пет локации, две во Македонија - Крушево и Велес, и две во Србија - Ниш и Кадињача, додека дел е снимано и во Тјентиште во Република Српска.
Песната пак, претставува фузија на неколку музички стилови. Можат да се забележат примеси од ар-ен-би/соул, латино ноти и џез, а резултатот е мелодија и текст што ќе ве однесат некаде далеку, и кои ќе посакате да ви бидат на „рипит“.
Крајниот резултат на трудот на Катерина и тимот со кој работела на видеото и песната (за што повеќе можете да прочитате под видеото) е фантастичен.
Уште еден пример на светско, а наше.