Гучи лансираше „сочно“ видео за модни додатоци

Во медиумскиот етер излезе видео записот за новата рекламна кампања на модната куќа Гучи за колекцијата на кожени модни додатоци насловена Bright Diamante 2014.

Водењето на глобална медиумска кампања модната куќа ја започна со едноминутното „сочно“ видео каде главните протагонисти се модните додатоци изработени од кожа во свежи бои дел од есенската колекција Bright Diamante 2014. Креативниот тим за изработка на видео записот реши да се фокусира на енергичните бои, а модните додатоци односно чантите, куферите и торбите ги смести во колоритни рамки на мед жолта боја, силна црвена, неутрална бела, тиркизна, кралско сина и розова боја. Погледнете го видеото и одберете ја вашата омилена боја.

Објавено:
17 јуни 2014