Како Ангелите на Викторија се подготвуваат за шоуто?

Годинешното шоу на Викторија Сикрет ќе се одржи на 30 – ти ноември за прв пат во Париз, а официјално истото ќе биде прикажано на 5 – ти декември.

Прекрасните девојки кои годинава ќе зачекорат на пистата на едно од најпопуларните модни шоуа во историјата, веќе почнаа да се подготвуваат за нивниот настап.

Деновиве магазинот Вог објави видео на кое можеме да видиме некои од ангелите меѓу кои и познатата Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, но и нивните нови колешки Сара Сампајо, Елса Хоск, Тејлор Хил, Марта Хант и други.

Како и секоја година, секоја комбинација мора да биде пробана неколку пати пред самото шоу од вкупно 50 – те девојки кои годинава ќе се појават на пистата.

Во видеото секоја од нив изгледа навистина прекрасно и неверојатно секси, со што уште еднаш се потврдува фактот дека шармот и сексапилот игра огромна улога при изборот на вистинските девојки кои ќе зачекорат на пистата.

Објавено:
10 ноември 2016
Прегледно:
499 пати