Како се негува и шминка Урсула Корберо алиас Токио?

Младата актерка Урсула Корберо која публиката ја запозна и засака преку ликот Токио од серијата „Money Heist“, неодамна за „Вог“ ја сподели својата рутина за нега и шминка.

Актерката откри дека го негува своето лице од 14 години, а се шминка од 16.

Во својата палета производи користи различни брендови, од „Шанел“, преку „Балман“ до „Фенти“.

Преку видеото презентираше секојдневна нега и природна шминка во розови нијанси, па ако погледнете како го прави тоа, ако ви се допаѓаат овие тонови, може ќе ви биде инспиративно.

Објавено:
29 септември 2021
Прегледно:
455 пати