Како се создаваше фустанот за Анџелина Џоли за „Господарка на злото 2“

Премиера на новиот филм за „Господарка на злото 2“ е закажана за денес во Франција.

Во пресрет на новото остварување, модниот бренд „Ралф и Русо“ открија како беше создавана новата креација, за која потрошија 700 часа. 

„Не се случува често да морате да смислите фустан кој треба да се комбинира со рогови или крилја“, се пошегува Тамара Ралф, дизајнерката на познатиот бренд.

Фустанот почнал да се создава со создавање на основа од тул. Потоа развиле црни додатоци на креацијата, за што се користеле со четкичка, за потоа буквално да ја создаваат облеката од парчиња, составувајќи со специјален силикон.

„Анџелина ни помогна околу фустанот, додека работевме, така што крајниот резултат е складна креација која на сите ни се допадна“.

Како изгледаше процесот одблиску, видете во видеото погоре.

Македонската премиера на филмот ќе се случи утре, во „Синеплекс“.

Ве потсетуваме на трејлерот:

Објавено:
16 октомври 2019
Прегледно:
691 пати