Каква е иднината на шминката?

Жените и девојките мошне често при изборот на одреден козметички производ знаат да бидат во голема дилема. Припадничките на понежниот пол ретко кога се сигурни за тоа како би им прилегала одредена нијанса или боја што во моментов е актуелна. Во тој процес не се наметнува само прашањето за боја, туку и колку добро им стои на пример туш за очи нанесен над очниот капак или пак дали подобро  одговара руменило во розова или кафена нијанса.

Во парфимериите и козметичките салони не секогаш може да се најдат тестери кои не се веќе истрошени и кои можат да бидат штетни доколку ги нанесувате директно на кожата бидејќи претходно поминале низ многу раце.

Затоа што дамите знаат навистина да бидат „комплицирани“ барем кога станува збор за нивниот изглед во поглед на шминка, козметичкиот гигант L’Oréal  го има вистинското решение. Компанијата создаде револуционерна мобилна апликација која е веќе достапна во App Store, насловена Makeup Genius. Се што треба да направите е да ја симнете апликацијата на вашиот телефон или iPad уред, да ја активирате со тоа што ќе направите скенирање на лицето и откако ќе го направите тоа следува „полесната работа“. Продолжувате со тоа што одите во секцијата „Архива“ и таму од понудата на производите ќе го одберете оној за кој не сте сигурни како ќе му одговара на вашето лице. Производот што сте го одбрале или шминката виртуелно се аплицира на скенираната фотографија и вие веќе знаете што да одберете следниот пат кога ќе одите да купувате декоративни производи.

Со помош на оваа апликација веќе нема да имате потреба да купувате шминки додека не сте сосема сигурни колку добро ќе ви прилегаат. Експериментирањето со шминката никогаш не било позабавно. Пробајте!

Објавено:
19 декември 2014