Кампања која ги поништува сите изговори: Ако можам јас да носам маска, можеш и ти

На социјалните мрежи кружи видео кое дефинитивно прави да немате изговор доколку не носите маска. Воедно ова е видео кое уште еднаш потсетува на важноста да се внимава на препораките.

Имено, кампањата е со лица со различна попреченост, односно хендикеп, кои и покрај тоа можат и носат маска.

„Ако можам јас да ја носам, можеш и ти“ е пораката на видеото кое дефинитивно предизвикува реакции.

И ако мислите дека сте доволно „имуни“ и дека нема да се разболите, сетете се на оваа група лица за која е круцијално да останат во добро здравје и со силен имунитет.

Да не бидеме себични и да размислиме за своите постапки.

Погледнете го видеото:

 

Објавено:
23 јули 2020
Прегледно:
259 пати