Караоке со талентираната Сиа и Џејмс Корден

Харизматичниот Џејмс Корден продолжува со неговиот караоке караван, а во неговата последна емисија гостинка му беше единствената Сиа.

Сосема во нејзин стил, таа се појави во црна комбинација со перика и огромна панделка на главата, а во еден момент со слична таква можевме да го видиме и водителот.

Со негова „помош“, талентираната Сиа отпеа некои од нејзините најголеми хитови со што уште еднаш докажа дека е една од најуникатните пејачки денеска.

Таа отпеа и дел од огромниот хит на Ријана, „Diamonds“, кој впрочем и таа го напиша за неа.

Доколку сѐ уште не ја погледнавте, видеото го имате во прилог.

Објавено:
17 февруари 2016
Прегледно:
850 пати