Кендал Џенер е секси дива во новото рекламно видео за Есте Лаудер

Откако пред неколку месеци оваа млада дама беше најавена како заштитно лице на светскиот козметички бренд Есте Лаудер, конечно е објавена и првата видео реклама со Кендал Џенер.

Како што и очекувавме, во видеото таа изгледа подобро од кога и да е, облечена во секси црвен женски костим со вртоглави црвени потпетици и интензивен кармин на усните, додека лежерно се шета низ улиците.

Во видеото, слатката Кендал го рекламира новиот парфем на козметичкиот гигант наречен Modern Muse Le Rouge, сместен во подеднакво секси шишенце!

Козметичкиот гигант со своите обожаватели го сподели тизерот за рекламното видео со Кендал Џенер, во кое таа изгледа неверојатно секси и дефинитивно постара одошто е!

Објавено:
11 јуни 2015