Ќе ви ги стопли срцата: Учениците од училиштето за рехабилитација и образование од Скопје снимија „Божиќна песна“

Празниците се време за споделување убави емоции. Не можеме да го игнорираме фактот дека оваа година беше стресна за сите, но сепак даваме шанса да ја завршиме со човечки и топли поздрави за божиќните празници.

Токму еден таков, емотивен поздрав што ќе ви ги стопли срцата, доаѓа од учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски" од Скопје.

Во синхронизирано видео, секој од својот дом, учениците снимија „Божиќна песна" која е една убава и човечка увертира во празничниот период што е пред нас.

Погледнете и слушнете.

 

Објавено:
28 декември 2020
Прегледно:
142 пати