Кој ја симна Мараја Кери од тронот?

По цели 20 години ултимативниот божиќен хит на Мараја Кери „All I Want for Christmas Is You“, конечно е симнат од тронот, според извештајот на магазинот Paste.

Од 1994 – тата година кога беше објавена нејзината песна, таа секоја година рушеше рекорди и беше најизведуваната и воедно најслушаната песна за време на празниците.

Оттогаш, беа потребни цели 20 години за да се оконча нејзината популарност и тронот да им припадне на групата The Shins и нивната обработка на Wonderful Christmastime на The Beetles која и не звучи толку лошо, но сепак, не е „All I Want for Christmas Is You“.

Која ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
14 декември 2015
Прегледно:
2.096 пати