Лејди Гага и Аријана Гранде имаат заедничка песна

Најавуваната соработка помеѓу Аријана Гранде и Лејди Гага резултираше со нова песна и спот. „Rain on me“ е насловот на композицијата, која ќе се најде на шестиот студиски албум на Лејди Гага насловен како „Chromatica“.

Албумот пак, ќе излезе на 29 мај, а оваа песна и спот може да се толкуваат и како најава за истиот.

За 16 часа, видео-записот има повеќе од 15 милиони прегледи, а брзо се искачува и на #trending листата.

Погледнете го:

Објавено:
23 мај 2020
Прегледно:
120 пати