„Магнет“: Слушнете ја најновата песна на Антониа Гиговска

„Магнет" е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која вчеравечер го промовираше на своите социјални мрежи.

Судејќи по првите коментари и реакции, несомнено е дека Антониа ја почести публиката со нов хит!

Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој пак, повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец.

 Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна видео-записот е на познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла".

- Што да кажам? Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видео-спот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како изгледа сè. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим - вели младата Антониа, која доби пофалби и за стајлингот, во кој како велат нејзините обожаватели изгледа светски и одлично ѝ прилега.

Инаку Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нов проект со кој ќе ја изненадат публиката. Воедно, за неколку месеци оваа млада пејачка ќе го издаде и својот прв албум на кој веќе работи споменатата екипа.

Објавено:
15 септември 2021
Прегледно:
338 пати