Марија Спасовска ќе ја претставува нашата земја на фестивал за филмска музика во Варна

Марија Спасовска следната седмица заминува за Варна Р. Бугарија каде повторно ќе ги брани боите на македонското знаме. Со песната „My heart will go on" од филмот „Титаник" ќе настапи на фестивалот за филмска музика - Арлекин, за кој беше специјално одбрана и поканета по преслушувањето на нејзините досегашни објави од нејзините настапи на You Tube.

Арлекин е филмски и мултимедијален интернационален фестивал кој ќе се одржи во Варна од 08 до 12. јуни, а директен пренос ќе има на БНТ и БТА. На фестивалот учествуваат иновативни и креативни младинци до 20 години кои се интересираат за мултимедија. Нашата Марија со само 13 години ќе застане на отворената сцена во центарот на градот на уметноста Варна и ќе ги покаже своите способности.

До тогаш, до нови информации од настапот, слушнете ја изведбата на „My heart will go on" од Марија Спасовска објавена денес на нејзиниот YouTube канал.

Објавено:
30 мај 2019
Прегледно:
248 пати