Модната муза Дафне Гинис најавува деби албум!

Познатата колекционерка, авангардна дизајнерка, модел и муза, Дафне Гинис, пасијата за модата ја дели и со музиката. Таа неодамна објави видео запис за нејзината песна „The long now" со која го најавува деби албумот „The optimist in black" што треба да излезе во мај годинава.

Насловот на албумот не е неочекуван, со оглед на тоа дека црната боја е нејзин заштитен печат, заедно со нејзиниот аристократски и ексцентричен изглед.

Инаку и самиот видео запис за „The long now" е целосно во стилскиот фазон на Дафне, изработен во црно-бела техника.
Во очекување на албумот, уживајте во видеото.

Објавено:
20 јануари 2016
Прегледно:
567 пати