Модните блогери повторно паднаа на тестот на Џими Кимел

Како и претходниот пат, така и сега на одредени модни блогери им беа поставувани прашања за апсолутно непостоечки модни дизајнери, па дури и личности кои се прославија во сосема друга сфера од модата. Иако модната недела во Њујорк помина во знакот на апсолутно владеење на спортската конотација и најавување на трендови кои актуелни следната сезона, сепак ваквите бламажи на поединци не тераат да помислиме дали строгите ограничувања кои ги наметна раководството на модната недела во Њујорк, треба да ги пренасочи во уште порадикални.

Со чест на ретки исклучоци, ваквите постапки се само доказ дека модата станува оаза на индиферентни и неинформирани индивидуи кои воопшто не ја почитуваат модата од аспект на веќе постоечки и докажани имиња во оваа сфера, туку модните недели се „користат“ како манифестации со висока репутација каде присуството е задолжително за докажување пред светот, но не и за сопствена изграба во ова поле.

Објавено:
13 септември 2014