Музичка терапија: пуштете си ја „Лаганини“ на ZeeBomb и викендот може да почне

Свежи и прогресивни, ZeeBomb се урбана скопска двојка што ни ја носи толку неопходната позитивна мисла во сивилото на нашето секојдневие.

Младешката енергија и музиката растеретена од потребата за прифаќање и докажување, е сосема доволна причина инстантно да ви се вовлечат под кожа и да ги освојат симпатиите на урбаната публика.

„Лаганини" e опуштена, лесно впивлива нумера, кој делува како фина музичка терапија. Веќе е хит со повеќе од 81К прегледи на YouTubе за неколку денови, а допрва ја очекува сериозно масовно консумирање.

Преслушајте ја и викендот може да почне.

 

Објавено:
19 април 2019
Прегледно:
335 пати