Музика во домашна изолација: Ирена и Филип ја препееја „Мајко“ на Гуру Харе и Аки Рахимовски

„Седи дома и слушај музика", со ваква иницијатива талентираните музичари Ирена и Филип Стевановски во домашен амбиент го препееја хитот „Мајко" на маестро Игор Атанасоски (Гуру Харе), а во изведба на Аки Рахимовски.

„Голема благодарност до авторот Игор Атанасоски – Гуру Харе што ни овозможи да ја снимиме оваа композиција", се вели во описот на видеото.

Во услови на социјална дистанца и самоизолација, не постои ограничување за креирање уметност и создавање убави дела.

Уживајте во нивната изведба во живо.
Вокал: Ирена К.Стевановска
Пијано: Филип Стевановски

 

Објавено:
27 март 2020
Прегледно:
612 пати