На чајанка со Попи Делевињ и Вог...

Таа дефинитивно е една од нашите омилени светски трендсетерки, не само заради нејзиниот беспрекорен стил и секогаш одлични комбинации, туку и заради тоа што таа е една исклучително мила и талентирана девојка која плени со својот шарм.

Прекрасната Попи Делевињ го покани тимот на Вог на чајанка во нејзиниот дом во Британија, каде им ги откри и најубавите места, го отвори плакарот, но и танцуваше на дожд!

Во видеото таа раскажува за тоа што најмногу сака да чита, нѐ потсетува уште еднаш дека е вистинска Британка зависничка од чај, но кажува и дека обожува секој ден да прави селфи фотографии.

Погледнете го видеото и дознајте некоја од нејзините стилски тајни!

Објавено:
25 јуни 2015