На мојата муза: Игор Џамбазов со нова песна „Love is so good“

Игор Џамбазов вчера ја почести јавноста со нова песна. „Love is so good (многу ми е премалку)“ е насловот, а како е прикажано во спотот ја посветува на својата муза Илина Арсова.

Со убав текст и мелодија која на прва „влегува во уво“, зрачи со позитивност и љубов, а зад нив се потпишува секако Игор.

Остатокот од екипата која помогна песната да звучи вака се и Гуру Харе на гитара, Дамир Имери на клавијатури, Оливер Јосифовски на Бас, Владимир Крстев - виолина и Мите Димовски на тапани, а негов е и аранжманот.

Ако досега не сте ја слушнале, сторете го сега тоа и расположете се.

Објавено:
9 септември 2021
Прегледно:
405 пати