„Најдоброто“ - новата песна на Магдалена Цветковска

„Најдоброто" е насловот на новата песна на Магдалена Ена Цветкоска, која воедно важи и за едни од најплодните автори на домашната естрада. .

Помина година и повеќе откако Магдалена го издаде последниот сингл, но познатата пејачка реши своите обожаватели да ги почести со нова композиција, на која воедно е автор на музиката и текстот додека нејзиниот брат, Лазар Цветкоски е задолжен за аранжманот и продукцијата.

- Станува збор за лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените. Оваа песна е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ке бидат објавени во периодот што следи - изјави накусо Цветковска.

Цветкоска се потпишува како автор на сите нови песни кои публиката допрва ќе имате прилика да ги слушне.

 

Објавено:
15 февруари 2020
Прегледно:
358 пати