Накит од Шанел во кој ќе се „затрескате“

senatus_V37kMz

Од одделот за накит на Шанел, доаѓа новата колекција, насловена како Coco Crush. Целата е посветена на препознатливото „штепување“ на брендот, дизајн што се практикувал уште од 1920-тите, а уште е еден од најпродаваните, особено кога чантите се во прашање.

Е, сега „штепувањето“ е применето на накитот и совршено се совпаѓа. За колекцијата е направено и видео, со оригами, уште една техника која Коко ја вметнала во своето работење.

senatus_Ho67pv

Инаку, под името Coco Crush се обединети шест парчиња накит, женствени и минималистички, со заоблени рабови, што ги прават удобни за носење и пригодни за секоја пригода. Петте прстени се достапни во small, medium и large големина, како и во 18каратно бело и жолто злато. Цените се движат од 2.940 до 4.840 долари. Алката пак, од жолто злато е со цена од 28.310 долари.

Без разлика на цената, мора да признаете дека нема жена што не би се „затрескала“ во него.

Објавено:
5 мај 2015