DIY Picture Frame Key HolderSee full instructions here: http://www.buzzfeed.com/juliapugachevsky/make-this-easy-key-holder-and-never-lose-your-keys-again

Направи сам: Рамка за клучеви

Доколку сте од оние кои изутрина не можат да ги најдат клучевите од автомобилот или пак со часови ги бараат оние од станот, ние го имаме вистинскиот проект за вас.

Веројатно во вашиот ходник имате малку место на ѕидот каде што можете да закачите уште една рамка покрај оние стандардните, овој пат со клучеви.

Она што ви е потребно е една рамка или пак некоја веќе постоечка на која може да и додадете малку боја и да ја освежите.

Поставете неколку шајки од задната страна на рамката, во зависност од нејзината големина.

Погледнете ги инструкциите во видеото и уште денеска направете промена во вашиот дом со која ќе бидете сигурни дека секое утро клучевите ќе ви бидат на место!

Објавено:
15 март 2016
Прегледно:
476 пати